Настани

Започна најголемиот музички настан во Македонија од 1990-та!

Шоуто започна. Повеќе нема тајни. Сите учесници познати. Прекрасни млади успешни ликови, спремни да си ги одмерат силите ма музичкиот мегдан наречен - На иста адреса.

Два тима одлични пејачи под надзор на своите вокал професори Андријана Јаневска и Анета Качуркова, од денес па во наредните 100 дена ќе се борат за своето најсјајно место на македонското музичко небо.

Кој сѐ учествува?

Илија Петровски

Зои Блаж

Игор Митровиќ

Миа Морина

Валерија Димовска

Алмир Исмаили

Вики Јованџикова

Горан Ристовски

Стефан Давидовски

Марија Груевска

Марио Арангеловски

Александра Михова

Одличен избор нема што. Македонија во мало. Можеби најдобрите вокали од сите националности на едно место. Братство и сестринство на позитивни, убави во секој поглед млади лица, спремни да Ве заковаат на ТВ Алфа најмалку 700 часа наредните 100 дена.

Да не должиме.

Од денес запомнете ги термините: 8.30-9 наутро, од 3-5 попладне, од 8.30-10 навечер и некоја минута пред полноќ, или во превод 5-7 часа одлична забава за сите во Македонија.

Уживајте!

Објавено недела, 11 октомври 2015 8:45:00
Напишано од Ирина


Последни вести