Новитети

ТВ Алфа го најави реалното музичко шоу „На иста адреса“!

На сончевата страна од улицата!

Време е.

Време е да се префрлиме на сончевата страна од улицата и да уживаме во Сонцето. Улицата каде Македонското Сонце ќе грее најтопло, најмузикално, најталентирано, најуникатно, единствено. Неговите зраци ја привлекоа музиката, визионерите, професионалците, а многу скоро и целата сончева македонска јавност.

Улицата е онаму каде почнува мечтата на секоја талентирана музичарка, односно музичар да прерасне во ултра-ѕвезда, дефинирајќи и потврдувајќи се себеси како целосен уметник. Уметник, кој ќе даде нова, современа и модерна дефиниција на македонска музичка ѕвезда.

Улицата е ТВ шоу, каде талентот преку ангажман на клучните професионалци за создавање на ултра-ѕвезда ќе прерасне во уметност.

ТВ шоу кое ќе понуди 700 часа програма за македонската јавност, овозможувајќи ѝ ексклузивност и учество во процесот на создавање на македонска музичка ултра-ѕвезда.

Објавено среда, 07 октомври 2015 11:41:00
Напишано од Ирина


Последни вести