Новитети

Запознајте ги учесниците од најголемото македонско музичко реално шоу!

Големото и долгоочекувано шоу „На иста адреса“, започнува задутре на Алфа ТВ, но на никој од Вас до сега, ни на сон не му се појавија учесниците на истото. Ние ги имаме нивните имиња, фотографии, но не ќе биде фер сега да Ви ги објавиме целосно, па затоа решивме малку да си поиграме.

Во прилог ви ги прикажуваме сите до последен, но во едно малку поинакво бебешко издание.

Фотографиите се реални и во сопственост на музичките ѕвезди, кои од недела па во наредните 100 дена ќе имате можност да ги следите на малите екрани.

Можеби ќе имате среќа и први ќе ги препознаете.

Првиот што ќе ги погоди сите ѕвезди кои се кријат зад преубавите бебиња, ќе има можност во живо заедно со нив да присуствува на големото отворање на музичкото мега шоу.

Ајде да Ве видиме сега на дело. Редот е Ваш! :)

Објавено петок, 09 октомври 2015 12:29:00
Напишано од Ирина


Последни вести