Занимливо

Го советувале да се прежени, но тој не ги послушал: Цели 57 години се грижи за неподвижната сопруга!

Стапувањето во брак значи ветување дека ќе се грижите за вашиот партнер „во добро и лошо, во богатство и сиромаштија, во болест и здравје, сè додека смртта не ве раздели“.

Сепак, кога ќе се случи нешто неочекувано, некаква лоша несреќа која сосема ќе го промени начинот на живот, не сите успеваат да го одржат ова ветување.

Во едно малечко кинеско село живее човекот кој и покрај сè решил да остане доследен на своето ветување и да се грижи за својата парализирана жена веќе повеќе од половина век.

На 20-годишна возраст, само пет месеци по стапувањето во брак, Џоу Јуаи се разболела од болест заради која останала парализирана.

Тоа се случило во 1959-та година кога нејзиниот сопруг, Ду Јуанфа, работел во рудникот во соседниот град.

Штом дознал за состојбата во која се наоѓала неговата сопруга, побарал отсуство од работа и се вратил дома. Кога видел дека таа не може повеќе да држи во рацете ниту чаша вода, решил да се откаже од работата и да остане покрај неа.

По 57 години подоцна Ду, и покрај советите на многумина да си најде друга жена, но и покрај неговата возраст (тој има 85 години, а таа 77) сè уште се грижи за својата сопруга.

Секој ден Ду готви јадење за неа и се грижи за сè останато во домот. Приказната за неговата посветеност им е позната на сите луѓе во малечкото село, па така и покрај тоа што тие немаат сопствени деца, голем е бројот на луѓе кои секојдневно го посетуваат нудејќи му помош и друштво.

Објавено сабота, 12 ноември 2016 4:49:00
Напишано од виолета

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА


Последни вести