Занимливо

Мажот кој ќе се ожени со паметна жена ќе живее подолго. Причината е едноставна!

Нови истражувања покажале дека жените со висок интелект и памет всушност можат да им го продолжат животот на мажите.

Порталот BrightSide дојде до еден интересен заклучок, кој веројатно подеднакво ќе ги заинтригира мажите и жените.

Имено, нови истражувања покажале дека жените со силен интелект и памет всушност можат да им го продолжат животот на мажите. Освен тоа, помагаат и при превенција на демецнија.

Во една од студиите била испитувана здравствената состојба на еднојајчани близнаци и било откриено дека меѓусебното влијание еден на друг има голем удел во развојот на нивните интелектуални способности.

Научниците заклучиле и дека мажите коишто ќе оженат паметна жена живеат подолго и посреќно, но и поретко заболуваат од Алцхајмерова болест и деменција.

Лоренс Вејли, пензиониран професор за ментално здравје на Универзитетот Абердин изјави:

„Она што мажот треба да го направи за да живее подолго е да се ожени со интелигентна жена. Од интелигенцијата нема подобра превенција за деменција.“

Објавено сабота, 12 ноември 2016 1:09:00
Напишано од виолета


Последни вести