Занимливо

ТАБЕЛА: Еве колку часа треба да спиете според возраста!

Табелата е изготвена по препораки на Националната фондација за спиење на САД. Според неа, недостатокот на доволно сон е еден од најголемите проблеми на нашиот век.

Во САД, 40% од населението страда од акутна ненаспаност, а 60% од жените никогаш не можат да се наспијат.

„Недоволно или премногу долго спиење доведува до зголемен ризик од разни болести - кардиолошки, канцерогени или психички оптоварувања“ - објаснува Лорен Хејл, професор по превентивна медицина во Stony Brook University.

Табелата е дел од последната голема студија спроведена од Националната фондација за спиење. Таа е направена по едногодишни студии и консултации со лекарите.

Објавено сабота, 12 ноември 2016 11:30:00
Напишано од виолета


Последни вести