Минатата недела во Аргентина се роди свиња со две муцки, две усти и два јазика, а фармерот Рамон Агилар изјави дека никогаш не видел такво нешто во сите години на одгледување свињи.

„Свињата мутант“ е родена на фарма во руралната област Укача, во провинцијата Кордоба во Аргентина, пренесува Џем прес.

СВИЊАР НАШОЛ МУТАНТ! Сцената го парализирала фармерот: Вакво нешто не сум видел

„Ова е прв пат да видам вакво прасе, затоа и бев толку изненаден“, изјави Агилар за локалните медиуми.

Фармерот истакна дека слични случаи видел со крави, но не и со свињи.

‘Mutant piglet’ born with two snouts baffles farmer: ‘So rare’ https://t.co/TCE5TMjKQC pic.twitter.com/5lkHMco1IF

— New York Post (@nypost) January 28, 2023

“Сум видел слични случаи со крави, но никогаш со свињи. Затоа ми изгледа толку ретко”, рекол шокираниот фармер.

Агилар рече дека прасето, кое сè уште нема име, „дише добро“ низ четирите ноздри и се чини дека е во добро здравје.

Ветеринар ќе го провери во наредните денови, рече Агилар.

Оваа свиња не е првата необична свиња која привлекува глобално внимание.

Имено, во Кина во 2016 година се роди прасе со три очи и две муцки.

Младата свиња по име Мара Клара, која имаше две глави, две муцки и три очи, ги остави селаните на Филипините во целосен шок во 2019 година.

СВИЊАР НАШОЛ МУТАНТ! Сцената го вчудовидела: Вакво нешто не сум видел

А малото шпанско село Бертоа во регионот на Галиција дивее поради прасе родено со три очи, две муцки и два мозока во 2017 година.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK