Иконата на југословенската автомобилска индустрија, Застава 750, која популарно ја нарекуваат „фиќо“, се уште гази по патиштата!

Овој мал автомобил, кој неофицијално беше прогласен за „национална класа“, создаден во соработка со Фиат, престана да се произведува во 1985 година, а првиот примерок од тогашната крагуевачка фабрика „Црвена Застава“ излезе во 1955 година.

Староста, сепак, воопшто не е проблем за примероците кои се зачувани. Ова омилени „фиќо“ може да помине уште многу километри, а еден таков примерок е пронајден на Копаоник и стана вистинска сензација.

Тиктокерот jocatf објави неколку видеа кои собраа илјадници лајкови и стотици позитивни коментари преку ноќ.

Станува збор за црвено „Фиќо“, со нишки регистарски таблички, кое без проблем се движи по завеаните коловози на планините. На едно видео се гледа дека наиде и на угорница, но и тоа не му претставувало проблем.

The post „Фиќото“ за кое зборува цел Балкан: Погледнете како со летни гуми лета на завеаниот Копаоник, им одржа лекција на моќните теренци (ВИДЕО) appeared first on .

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK