Компанијата на Марк Закерберг, „Мета“, во чија сопственост се социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, по две години забрана, му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги користи двете платформи.

Трамп беше набркан од Фејсбук и Инстаграм по нередите во Капитол Хил во 2021 година, кога негови поддржувачи упаднаа во зградата на американскиот Конгрес, а компанијата наведе дека ги користел мрежите за да поттикнува на насилство и уривање на американскиот уставен поредок. Портпаролот на Мета, Енди Стоун, денеска потврди дека на Трамп повторно му е дозволен пристапот до неговите страници на двете мрежи.

Мета во јануари соопшти дека ќе ја укине суспензијата на Трамп „во следните недели“ и дека ќе воведе нова, построга забрана, доколку Трамп повторно ги прекрши политиките за користење на Фејсбук или Инстаграм.

Враќањето на пристапот на Трамп до социјалните мрежи доаѓа пред неговата можна претседателска кампања за изборите во 2024 година.

The post По две години забрана, Трамп се враќа на Фејсбук и Инстаграм appeared first on .

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK