Актерката Линдзи Лохан е бремена, а веста ја потврди на социјалните мрежи. Имено, идната мајка веста ја сподели на Инстаграм каде заедно со слика од телото на детето напиша дека „ бебето наскоро ќе пристигне“.

Ова ќе биде прво дете за 36-годишната актерка и нејзиниот сопруг Бадер Шамас.

„Многу сме возбудени поради доаѓањето на нашиот нов член на семејството и со нетрпение го очекуваме следното поглавје во нашите животи“, изјави Линдзи за TMZ.

Инаку, Линдзи и финансиерот Бадер се венчаа минатата година.

Бројни обожаватели и честитаа и не го криеја задоволството, а многумина беа на работ на солзи затоа што животот на проблематичната актерка честопати беше невоздржан и полн со пороци.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK