Светското првенство во фудбал, кое се одржа во Катар , беше најголемиот светски настан во изминатата година.
Катар го промени животот на многу луѓе, меѓу кои е и атрактивната стјуардеса Адријана Пол од соседна Романија. Оваа прекрасна црнка го држеше трофејот „Златната топка“ на церемонијата на доделување награди, кој потоа му беше врачен на Лео Меси.
МОЛЗЕЛА КРАВИ, А СЕГА ЗА НЕА СЕ ИНТЕРЕСИРА НЕИМАР: Светското првенство cцелосно и го промени животот
Многу брзо по тој настан и неколку текстови, Адријана Пол стана глобално популарна. Толку многу што за неа интерес покажа бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар . Позната по тоа што започнува со убави девојки директно, преку социјалните мрежи.
Нејмар ја следеше убавата Романка преку Инстаграм и редовно ги лајкува нејзините фотографии. Адријана Пол до пред само неколку месеци беше само една од 15.000 атрактивни и допадливи стјуардеси на авиокомпанијата „Катар ерлајнс“.
Адријана Пол даде неколку интервјуа по Светското првенство во Катар. Така, во едно признала дека имала среќно детство, и дека им помагала на баба и на дедо и на фармата за крави.
– Јас сум девојка од село, потекнувам од Барсана, од Марамуреш. Уживав во моето детство, кога останував со баба ми и дедо ми на нивната фарма. Наутро ги молзевме кравите, а потоа одевме на работа или на училиште – открила Адријана Пол за романските медиуми и додала:
– Да му ги кажам тие работи на некој што живее овде во Катар, нема да ми верува. Заминав од Романија пред осум години, живеејќи во Лондон три години, а потоа дојдов во Катар во 2017 година.
Покрај Нејмар, Адријана Пол на социјалните мрежи ја следат и некои други фудбалери, како Овидија Попеску (ФЦСБ), Кристи Ганеа (Панатинаикос Атина), Фелипе Тешеира (поранешен фудбалер на ФЦСБ) и Адријан Митителу Јуниор (Крајова).