Пензионер од Италија е казнет откако самоницијативно пополнил дупка во асфалтот на улицата пред неговиот дом, јавуваат локалните медиуми.

72-годишниот Клаудио Трента од Барласина кај Монца одлучил сам да ја „закрпи“ дупката, но поради тоа добил казна од локалните власти и морал да плати 882 евра. Освен тоа, тој треба и да ја врати улицата „во првобитна состојба“.

Приказната на социјалнте мрежи ја сподели токму пензионерот, по што ја пренесоа бројни медиуми од Италија.

„Претходно ги имав известено локалните власти дека има проблем на патот, но видов дека никој ништо не презема и одлучив сам да го поправам патот. На 26 април ја санирав штетата, а на 10 мај добив парична казна“, вели тој.

Трента добил известување дека е казнет бидејќи го прекршил Законот за патишта. Во документот се наведува дека тој е должен да ја врати улицата во првобитната состојба, што практично значи дека треба да отвори дупка. Пензионерот вели дека нема намера да ја плати казната.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK