Струмичанката Славица Ангелова привлече големо внимание во јавноста во целиот регион по триумфот во „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, освен што убаво пее и што е паметна (студира медицина), малку се знае за оваа талентирана девојка. Причината за тоа е што Славица за време на натпреварот не сакаше да открива детали од приватниот живот, а така остана и по победата.

Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата призна дека Славица имала емотивни проблеми за време на натпреварот, но ѝ забранил на победничката да зборува за нејзиниот љубовен живот, пренесуваат српските медиуми.

Имено, Славица за време на натпреварот се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бијело Поље, Црна Гора, а љубовта се разгорела токму на пробите, пишува grand.online.
– Се запознаа на натпреварот, беа на „здраво-здраво“, а се зближија на менторските часови кај Ѓорѓе. Љубовта се разгоре речиси на прв поглед на пробите, иако се трудеа тоа да го скријат од другите. Забележавме дека таму нешто се случува, но тие сепак не признаваат – изјави неодамна изворот и продолжи:

-Многу се слатки, млади се, си одговараат еден со друг, но мислам дека се плашеа да ја обелоденат својата врска бидејќи натпреварот се уште траеше.

Потоа беше поканет за коментар нивниот ментор Ѓорѓе Давид, кој беше многу краток.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK