Активистите истакнале дека емисиите на јаглерод диоксид во целиот свет се најголеми меѓу најбогатите луѓе.
Шпанските климатски активисти уништиле повеќемилионска јахта која била закотвена на Ибица во текот на викендот, покажува видеото на социјалните мрежи. Јахтата со име “Каос”, вредна 300 милиони долари, наводно е во сопственост на милијардерката Ненси Лори, наследничка на „Wallmart“
Активистите од „Futuro Vegetal“, еколошка група која има за цел да се бори против климатските промени, го споделиле видеото на Твитер во неделата наутро, а на него се гледа како стојат пред јахтата и држат постер на кој пишува „Ти консумираш, другите патат“. Најмалку еден дел од надворешноста на бродот, оној најблиску до копното, е обоен со мешавина од црвена и црна боја во спреј.