Грција години наназад се наоѓа на самиот врв на најпопуларни европски летни дестинации за што заслужни се нејзините антички споменици, прекрасната храна и прекрасните острови на кои ги има најубавите плажи на светот.

Во оваа медитеранска земја, жителите максимално ги искористиле сите благодати на туризмот, така што наоѓањето на поволно сместување е еднакво на добивање на лотарија, а овогодишните температури од 45 степени Целзиусови ги натерале туристите уште еднаш да размислат за своите грчки авантури.

Агенцијата за патување Никана на својот Инстаграм профил објавила видео од поволно сместување на еден од најскапите грчки острови – Миконос.
„Вака изгледа поволно сместување на Миконос. Без клима, 57 евра дневно за двајца“, напишано е на видеото.

Во малечка соба од куќичка се наоѓаат два кревети, огледало и вентилатор поради што луѓето веднаш почнале да коментираат.
„Ова е класичен контејнер. Мобилен тоалет што се користи на паркинзите покрај автопатиштата. Подобро е да останете дома, да отидете на некоја река во близина или базен и за 52 евра да си купите мини-фрижидер, пиво и сендвичи и да уживате“, заклучил некој човек.

Како што наведува „Јутарњи“, се нижеле и лути реакции, а некои заклучиле дека затворските ќелии изгледаат похумано. Една туристка одамна резервирала сместување за своето семејство, но ја загрижиле неподносливите жештини и пожари со оглед на тоа дека патува со родителите и малите деца. Му се јавила на адвокатот да види дали постои можност патното осигурување да ѝ го покрие одложувањето на патувањето на некој друг термин.
„Мора да ги погледнете одредбите и условите кои се приложени ни во полисата на патното осигурување за да дознаете кои сѐ околности и настани се вклучени“, ѝ договорил адвокатот Деан Дунхам.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK