Барби-манијата го зафати светот, а исто така и Гугл. Ако не сте го пребарувале на Гугл филмот за кој сите зборуваат овие денови, време е да го направите тоа.

Гугл реши да ги изненади љубителите на филмот. Кога ќе напишете Барби во пребарувачот, првото нешто што ќе ви се појави се трејлерите и страниците поврзани со самиот филм, а потоа следи изненадување – целиот екран ќе ви стане розов и ќе ви излезат розови ѕвезди.

Инаку, претходните денови ширум светот се одржаа премиери на филмот „Барби“ во кој главните улоги ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг. Филмот наскоро ќе се прикажува во кината.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK