Јелена Карлеуша денеска го објави новиот студиски албум „Алфа“. Новиот албум излегува по единаесет години во однос на минатиот, кој се викаше „Дива“.

Овој проект се чекаше со големо исчекување и продукцискиот тим чуваше сè под превезот на тајноста.

Откриена најголемата тајна на албумот АЛФА – Карлеуша се обиде да го сокрие ова

Албумот има 10 нови песни. Објавени беа со интересни визуелни слики, а во текот на попладнето беше објавен и спотот за песната „Karlibitch“.

ВУЧИЌ ПРОТИВ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ: Додека сум претседател нема да има трет пол во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше во емисија на ТВ Пинк каде зборуваше …
Притвор за 102 хрватски државјани-навивачи, двајца Грци и еден Албанец

Сите 105 навивачи уапсени за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот …

На албумот како текстописци соработуваа познатите урбани поп ѕвезди Газда Паја, Мими Мерцедес и MC Сајси. Сепак, она што најдобро се чуваше како тајна, а сега е откриено е дека Јелена Карлеуша снимила дует со Милица Павловиќ.

Песната се вика Машала. Музиката ја направијљ Јелена Карлеуша, Марко Перуничиќ, Небојша Арежина, Немања Антониќ, а текстот го напишаа: Јелена Карлеуша, Марко Перуничиќ, МС Сајси (Ивана Рашиќ).

Да потсетиме, на прославата на роденденот на Милица, новинарите ја прашаа Павловиќ дали го слушнала новиот албум.

– Јелена овојпат избра да биде многу таинствена, слушнав многу малку и онолку колку што ми дозволи. Не можев да се борам за повеќе. Но, она што ќе го слушнете на 13-ти август е апсолутно мозочно лудило. Многу сум горда што имаме една Јелена Карлеруша – изјави Милица на насобраните медиуми по тој повод.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK