Името Вера Ванг е високо котирано во светот на модата. Таа важи за најмладата модна уредничка на престижниот магазин „Вог“, со само 23 години, а подоцна и престижна модна дизајнерка. Скоро и да не постои некој од светот на Холивуд, а да не носел нејзини креации, чии цени се вртоглави.

Родена е во 1949 година и тоа е всушност она што најмногу ја фасцинира јавноста. Како е можно жена со 74 години да изгледа толку младолико? Иако некои тоа го препишуваат на генетиката, со оглед на тоа што има кинески корени, а сите знаеме колку Кинезите се витални, Вера има поинакво објаснување.

Едноставно, нејзе годините не ѝ можат ништо, а за многумина младешкиот изглед е вистинска енигма. Блед тен, „испеглана“ кожа и витка линија – Вера изгледа барем двојно помладо.

Ова е тајната на нејзината младост! Како што вели, не се колеба да јаде брза храна, а љубител е и на коктелите со вотка.

Во суштина, работев цел живот, така што навистина се работи за работа. Мислам дека работата ве одржува млади и стимулативни. Работам многу часови, одгледав две ќерки. Мислам дека зафатеноста е најдобриот противотров за лошите работи“, вели Вонг.

Што се однесува до диетите, тука не станува збор за исклучоци.

„Јадам Мекдоналдс, апсолутно. Го нарачувам секој ден, две недели по ред, а потоа ја менувам исхраната … А сакам и крофни со фил од крем и шеќерна глазура. Тоа е како крофна од желе, но внатре има крем, крем од ванила. Сакам и розови колаченца“, признала таа.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK