Финалето во Светското првенство во рагби се одржа вчеравечер меѓу Нов Зеланд и Јужна Африка, а на трибините беше и Новак Ѓоковиќ, кој е во Париз пред почетокот на Мастерсот во Париз.
Ноле беше во неочекуваното друштво на познатата пејачка Рита Ора.
Тие двајца не беа единствените познати личности на трибините, бидејќи таму беше и Софи Тарнер, познатата актерка од серијата „Игра на тронови“, како и тенискиот ас Роџер Федерер.