Понекогаш не мора да потрошите многу пари за вашиот дом да го трансформирате во удобна, есенска оаза.

За украсување ви требаат многу малку работи и секако фантазија, но и неколку свежи јаболка.

Ова украсно овошје е многу флексибилен додаток на домот. Освен што со него може да направите низа украсни и мирисливи детали, тоа ќе биде и многу корисно во процесот на уредување на кујната, трпезаријата, дневната соба, па дури и балконот.

Свежото јаболко ставете го во украсна чинија, во вазна или атрактивна кантичка и поставете го на средината на масата како средишен аранжман.

Не само што така ќе ја разубавите вашата трпезариска маса туку ќе имате и свежо овошје на дофат на раката.

Јаболкото може да го трансформирате и во свеќник. Доволно е да го вдлабнете свежиот плод и во него да ставите мала свеќичка. Вдлабнатото јаболко може да ви послужи и како мини-вазна за полско цвеќе или со него послужете се да направите украс за во кујната.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK