Рич Мур и неговиот бел Џек Расел териер, по име Фини, отидоа на планинарење на 19 август до врвот Blackhead, кој се наоѓа во планините Сан Хуан во југозападниот дел на Колорадо. Телото на исчезнатиот го откри локален ловџија на 30 октомври.

Неговото лојално куче, кое за чудо преживеало, било пренесено во локалната ветеринарна станица, а подоцна повторно било вратено во семејството. Причината за смртта на Рич не е објавена, но властите рекоа дека не постои сомневање за убиство, објави Дензер Газет.

Делинда Ван-Брајтин, членка на групата вклучена во потрагата по Рич, го опишала своето искуство обидувајќи се да го лоцира.

„Баравме веднаш под врвот и директно на запад, барајќи надолу по планината до местото каде што беше неговиот автомобил“, напиша Ван-Бријтин, додавајќи: „Беше толку стрмно, што бевме донесени со хеликоптер. Тој беше пронајден на 4 километри источно на планинскиот врв долу кога нѐ спуштија со хеликоптер“.

By

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK